Селекторот на Македонија, Благоја Милевски испрати дополнителен повик до Дориан Бабунски кој игра во добра форма од почетокот на сезоната во Бугарија во Ботев Варца.
Бабунски добива дополнителен повик откако вчера во турското првенство се повреди Адис Јаховиќ и нема да може да одговори на повикот на Милевски за последните два квалификациски натпревари.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во овој момент Бабунски е втор стрелец во бугарското првенство со шест постигнати гола. На последниот натпревар за Ботев вчера беше стрелец на два гола. Информацијата за повикот ја потврди неговиот клуб.
Македонија на 11. ноември ќе игра во Ереван против Ерменија, додека три дена подоцна ќе го пречекаме Исланд на домашен терен.