Дома Македонски спорт Мак фудбал Милевски: Барди, Муслиу и Чурлинов се неизвесни, против Лихтенштајн ќе биде најтешко

Милевски: Барди, Муслиу и Чурлинов се неизвесни, против Лихтенштајн ќе биде најтешко

Селекторот на македонската репрезентација, Благоја Милевски денес  даде пресконференција во пресрет на квалификациските натпревари со Лихтенштајн и Германија.

„Со Лихтенштајн можеби не очекува најтешкиот натпревар бидејќи во претходните нстпревари покажа дека тоа не е Лихтенштајн од порано. Со Ерменија видовме дека одиграа 1:1. Затоа влегуваме максимално сериозно“, истакна Милевски.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


„Имаме проблеми со повреди на Барди исто Висар Муслиу се пожали по претходниот собир. Тие се расположени да дојдат и да помогнат. Сега се на спсиокот што ќе следи потоа ќе видиме во консултација со нашиот тим. Со Висар ситуацијата е подобра и тој ќе биде во недела тука. Очекувам и Адеми да биде тука. Чурлинов има скршеница на вилицата, но за среќа со специјално изработена маска ќе се стави на располагање. Подобра слика ќе имаме во сабота“, додаде селекторот.

Ново име во репрезентацијата е Ердал Ракип, поранешен младински репрезентативец на Шведска кој игра за Малме.

„Со Ракип ќе добиеме на конкуренција во средниот ред. Останува на него дали ќе се наметне во иднина, тој е млад и неговата возраст ни дава за право да веруваме дека ќе го имаме понатаму“, изјави Милевски.

Фото: Димитар Петковски

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Објавени номинациите за спортист на Македонија за 2024 година

Објавени се номинациите за спортист и спортистка на годината за 2024 година, а во трката з…