Дома Трансфер зона Милан ја пронајде замената за Нианг!

Милан ја пронајде замената за Нианг!

Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан е блиску до комплетирање на трансферот на Лукас Окампос од Џенова.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Окампос би требало да пристигне на „Сан Сиро“ како замена за Мбаје Нианг кој замина во Ватфорд.

Аргентинецот игра на позицијата крилен напаѓач и покажа одлични партии оваа сезона во Џенова, па Монтела смета дека одлично би се вклопил во неговиот стил на игра.

„Росонерите“ го сакаат Окампос на позајмица за која што ќе платат половина милион евра, а следното лето ќе имаат право во целост да го откупат неговиот договор за 10 милиони евра.

Неговиот агент денес беше во канцералиријата на Галиани и пред новинарите кратко изјави: „Недостигаат уште некои детали“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…