Дома Трансфер зона Милан ја најде замената за Брахим Дијаз

Милан ја најде замената за Брахим Дијаз

Лазар Самарџиќ игра одлично во дресот на Удинезе и го привлече вниманието на многу европски гиганти.

21-годишниот офанзивен играч за врска е роден во Германија, но има српски корени и избра да игра за српската репрезентација.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тој игра одлично во Серија А, а најсилен интерес за неговите услуги покажува Милан, кој веќе стапил во контакт со неговиот агент.

„Росонерите“ се во потрага по офанзивен играч за врска, бидејќи бараат замена за Брахим Дијаз кој се врати во Реал Мадрид.

Пиоли верува дека Самарџиќ ќе биде идеална негова замена бидејќи покажа дека е еден од најталентираните играчи во Серија А.

Медиумите тврдат дека Удинезе за неговата слобода бара 20 милиони евра, сума која Милан е спремен да ја плати.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Баерн во Милан го најде наследникот на Ноер

Мајк Мењан е еден од најважните карики во Милан и се етаблираше во еден од најдобрите голм…