Милан е во потрага по засилување за средниот ред, а бидејќи преговорите со Фофана не одат добро, ќе се насочат кон други цели.
Најнова мета на „росонерите“ е играчот за врска на Борусија Мехенгладбах и млад француски репрезентативец, Ману Коне. Младиот Французин игра фантастично во Бундеслигата и веќе го доби епитетот „новиот Канте“.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Коне има одлични дефанзивни карактеристики, притоа има и добра техника, па е идеален профил каков што бара Милан.
Ливерпул е спремен да плати 25 милиони евра за неговиот потпис, но конкуренцијата е огромна, бидејќи силен интерес за Коне покажуваат уште ПСЖ и Ливерпул.