Дома Топ вести Милан тргнува по новата ѕвезда на ПСВ

Милан тргнува по новата ѕвезда на ПСВ

Италијанските медиуми пренесуваат дека главна трансфер цел на Милан во следниот преоден рок ќе биде талентираниот холандски напаѓач Донјел Мален.

Овој 20 годишен фудбалер кој ја помина академијата на Ајакс и Арсенал игра одлична сезона и веќе дебитираше со гол за холандската репрезентација.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Мален пристигна во ПСВ за само еден милион евра, но неговата цена вртоглаво порасна, па сега е на мета на многу европски гиганти.

Милан сака да ја победи конкуренцијата и веќе започнал преговори со неговиот агент Мино Раиола, а неговата цена во моментов изнесува помеѓу 20 и 30.

„Росонерите“ сметаат дека Холанѓанецот ќе биде одлична алтернатива за Ибрахимовиќ и сакаат да го донесат во јануари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Реал се вклучи во трката за Бруно Гимараеш

Реал Мадрид се вкучи во трката за потписот на плејмејкерот на Њукасл, Бруно Гимараеш. 26-г…