Дома Топ вести Милан тргнува по Иско

Милан тргнува по Иско

Примарна цел на Милан во летниот преоден рок ќе биде плејмејкерот на Реал Мадрид, Иско, пренесува „Газета дело Спорт“.

Милан е во потрага по наследник на Чалханоглу, па иако се споменуваат многу имиња, сепак главна мета е токму Иско.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Иско минатата сезона не добиваше голема минутажа кај Зидан, а изгледа дека работите нема да се променат со доаѓањето на Анчелоти.

Поради тоа Шпанецот е спремен да ја промени средината, а Милан сака да ја искористи ситуацијата и веќе стапил во контакт со неговиот агент.

Иско влезе во последната година од договорот и Реал е спремен да го продаде, а со оглед на одличните односи помеѓу двата клуба се очекува брзо да најдат заеднички јазик.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ракун прекина фудбалски натпревар🎥

На мечот од МЛС меѓу Филаделфија Унион и Њујорк Сити, ракун се појави на теренот. Фудбалер…