Играчот за врска на Манчестер Сити, Илкај Гундоган би можел кариерата да ја продолжи во Милан, пренесуваат италијанските медиуми.
Гундоган влезе во последната година од договорот со „граѓаните“, а неодамна се појавија информации дека сака ова лето да ја промени средината.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Германскиот фудбалер со турско потекло оваа сезона одигра 43 натпревари на кои постигна 10 голови и подели шест асистенции, но често е на клупата за резерви.
Милан е во потрага по квалитетен играч за врска и првата желба е Ренато Санчез, но трансферот се искомплицира бидејќи во трката за Португалецот се приклучи и ПСЖ.
Поради тоа Милан сега ќе се насочи кон Гундоган и „росонерите“ веќе стапиле во контакт со агентот на Германецот, а трансферот би трабало изнесува околу 20 милиони евра.
📰 @PianetaMilan: #ACMilan's Renato Sanches alternative could be #MCFC's Gundoganhttps://t.co/64jKCWooKy #SempreMilan
— SempreMilan 🏆 (@SempreMilanCom) June 23, 2022