Дома Трансфер зона Милан спреми 50 милиони за новата бразилска ѕвезда

Милан спреми 50 милиони за новата бразилска ѕвезда

Италијанскиот гигант Милан значително се засили во зимскиот преоден рок, но спортскиот директор Леонардо веќе работи на нови засилувања.

Во јануари на „Сан Сиро“ пристугнаа Лукас Патека и Криштоф Пјонтек за 70 милиони евра и двајцата веднаш се вклопија во тимот на Гатузо и буквално го променија ликот на „росонерите“ со својот квалитет.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Пјонтек е вистински хит, но критичарите се сложуваат дека клучно засилување на „росонерите“ е Лукас Пакета кј му донесе голем квалитет на средниот ред.

Бразилскиот талент вендаш се вклопи во италијанскиот фудбал и брилјира во дресот на Милан, што е уште еден доказ дека Леонардо одлично го познава бразилскиот пазар и бразилските таленти.

Пакета е само уште едно во низата на големи засилувања кои Леонардо го донесе на „Сан Сиро“ после Кака, Пато, Тиаго Силва…

Италијанските медиуми пренесуваат дека Леонардо сака во летниот преоден рок да донесе уште една бразилска ѕвезда на „Сан Сиро“, а станува збор за Евертон, кој го носи дресот на Гремио.

Овој 22-годишен крилен напаѓач е мета на многу европски гиганти и веќе дебитираше за бразилската репрезентација, но последните информации се дека „росонерите“ ги започнале преговорите.

Евертон има откупна клаузула до 80 милиони евра, но Леонардо се обидува да го договори трансферот за сума помеѓу 40 и 50 милиони евра.

https://youtu.be/8RdBe44BJR4

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Челзи и Јувентус се „тепаат“ за дефанзивец на Атлетико

Челзи и Јунтус се борат за потписот на дефанзивецот на Атлетико, Марио Хермосо, пренесуваа…