Лука Јовиќ веќе некое време се поврзува со доаѓање во Милан на крајот од сезоната, а сега низ медиумите се шпекулира дека Милан сака уште еден негов сонародник.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Милан веќе започнал преговори со агентот Фали Рамадани за трансфер на дефанзивецот Никола Миленковиќ од Фиорентина.
Миленковиќ изминатите години се етаблираше во еден од најдобрите дефанзивци во Серија А и за него постио интерес од многу клубови.
Италијанските медиуми тврдат дека „росонерите“ се во пол-позиција за неговиот потпис.
Фиорентина за неговата слобода бара 35 милиони евра, додека Милан е спремен да понуди 30 милиони евра со вклучени бонуси.