Италијанскиот гигант Милан започнал преговори со ѕвездата на Лил и португалски репрезентативец Ренато Санчез, пренесува „Газета дело Спорт“.
24-годишниот играч за врска ја „оживеа“ својата кариера во Лил и е мета на многу европски гиганти.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Милан е во потрага по засилување за средниот ред и во него гледа идеална алтернатива за Кеси, па веќе започнал преговори со неговиот агент Жорге Мендеш.
Лил е спремен да го продаде бидејќи Португалецот на лето ќе влезе во последната година од договорот, а „Газета дело Спорт“ тврди дека „росонерите“ го сакаат во јануари.
Милан во наредните денови ќе испрати понуда од 25 милиони евра плус бонуси и сака да го комплетира трансферот во зимскиот преоден рок.