Милан одлично ја отвори сезоната и моментално е лидер на табелата во Серија А.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Поради тоа „росонерите“ сакаат дополнително за го засилат тимот во зимскиот преоден рок, бидејќи оваа сезона гледаат шанса да го нападнат Скудетото.
Приоритет е засилување на одбраната, а прва цел е дефанзивецот на Шалке, Озан Кабак чија цена изнесува 20 милиони евра.
Милан сака да ги засили и другите редови на тимот, па како засилување на средниот ред сака да го донесе Доминик Собослај од Салцбург.
Во нападот се бара алтернатива за Ибрахимовиќ, а Милан веќе ги започнал преговорите со Маркус Турам од Мехенгладбах.