Дома Топ вести Милан спрема „бомба“: Мендеш пристигна во Милано на преговори за…

Милан спрема „бомба“: Мендеш пристигна во Милано на преговори за…

Милан е еден од најактивните клубови во овој трансфер период, и веќе донесе три засилувања, но „росонерите“ допрва спремаат голем „потреси“ на трансфер пазарот.

После доаѓањето на Мусакио, Кесие и Рикардо Родригез „росонерите“ се во потрага по засилување во нападот и денес сите италијански медиуми пренесоа дека веќе доставиле прва понуда до Торино за Андреа Белоти.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Милан понудил 50 милиони евра, но таа понудата веднаш била одбиена од претседателот на Торино кој продолжува да бара 100 милиони евра. Сепак, самиот играч настојува да се пресели на „Сан Сиро“ па во наредните денови се очекува „росонерите“ да понудат и до 70 милиони евра, а во понудата можно е да бидат вклучени и двајца фидбалери (Нианг и Запата).

Тоа не е се, денес супер-агентот Жорге Мендеш пристигнува во Милано на средба со директорите на Милан, а медиумите пренесуваат дека тема на разговор ќе бидат Диего Коста и Хамес Родригез.

Диего Коста јавно соопшти дека го напушта Челзи ова лето и дека е во потрага по нов клуб, па „росонерите“ ќе се обидат да ја искористат таквата ситуација и да го донесат на „Сан Сиро“.

Милан на кинески мотор не планира да застане, па сигурно не очекува жешко лето…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

УЕФА ја казни Барселона за натпреварот со ПСЖ

Екипата на Барселона е казнета поради расистичко однесување и други постапки на своите нав…