Дома Топ вести Милан спрема амбициозен план при враќањето во ЛШ

Милан спрема амбициозен план при враќањето во ЛШ

Милан игра добра сезона и е на добар пат да обезбеди палсман во Лигата на шампиони, прв пат после седум години.

„Газета дело Спорт“ информира дека „росонерите“ спремаат амбициозен проект доколку успеат да се пласираат во Лигата на шампиони.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во тој случај Малдини од сопствениците ќе добие голем буџет за значително да го засили тимот.  Примарна цел е продолжувањето на договорот на Џанлуиџи Донарума, а се верува дека со пласман во ЛШ младиот голман ќе стави потпис на нов договор.

Сигурно ќе биде откупен Факијо Томори за 28 милиони евра, бидејќи дефанзивецот покажа дека е голем потенцијал и столб во одбраната. Започнати се преговори со Реал Мадрид за откупување на Брахим Дијаз или продолжување на позајмицата.

Милан ќе го засили и средниот ред, но примарна цел ќе биде централен напаѓач како алтернатива за Ибрахимовиќ. Најголема желба е Влаховиќ од Фиорентина, а како алтернатива се споменува Андреа Белоти.

За крај нов договор до 2024 година ќе добие и тренерот Стефано Пиоли, кој е еден од најзаслужните за враќањето на Милан во Лигата на шампиони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…