Дома Топ вести Милан се приклучи во трката за Пулишиќ

Милан се приклучи во трката за Пулишиќ

Италијанскиот шампион Милан е силно заинтересиран за крилниот фудбалер на Челзи, Кристиан Пулишиќ, тврдат медиумите на Островот.

23-годишниот офанзивен фудбалер не е стартер во тимот на Тухел и не е задоволен од својата улога во тимот.

Поради тоа побарал состанок со тренерот и е спремен ова лето да ја промени средината, а Милан е еден од клубовите кои се заинтересирани за него.

Пулишиќ ја одби понудата од Њукасл бидејќи сака да игра во Лигата на шампиони и е спремен да се пресели на „Сан Сиро“.

Меѓутоа, „росонерите“ го сакаат американскиот репрезентативец на позајмица, па останува да се види дали Челзи ќе се согласи на тоа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Сабицер го спаси Дортмунд во 90+3: Вердер падна по луда драма!

Дортмунд испушти 2:0, но Сабицер со слободен удар во 90+3. минута донесе победа од 3:2 над…