Од терминот во 18:45 часот во Лигата на шампионите се одиграа два натпревари Милан – Порто и Реал Мадрид – Шахтјор.
Милан одигра реми и своите шанси за пласман во следната рунда си ги направи уште помали. „Росонерите“ го пречекаа Порто со надеж дека ќе успеат да освојат три бода со кои би фатиле приклучок за второто место. Со оглед на тоа дека својот натпревар Атлетико го игра вечерва во случај да дојде до победа против Ливерпул тогаш Милан и дефинитивно ќе ги изгуби шансите за нокаут фаза.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Рано уште во шестата минута Порто дојде до водство преку Луис Дијаз и тоа беше единствениот гол во првото полувреме. До изедначување Милан стигна после еден час игра кога после шутот на Калулу Мбемба си ја смести топката во сопствената мрежа.
Во вториот натпревар Реал Мадрид го победи Шахтјор со 2:1. Бензема во 14. минута со голот кој беше голем јубилеј за Реал – 1.000 гол во Европа ги доведе „кралевите“ во водство. Пред крајот на полувреме Фернандо го изедначи резултатот. Сепак, во вториот дел Бензема со својот втор гол обезбеди важни три бода за Реал.
Со овој триумф Реал изби на врвот на групата со девет бода, Шахтјор е последен со еден бод. Шериф Тираспол е втор со шест, Интер трет со четири. Шериф и Интер својот натпревар го играат вечерва.