Се уште Златан Ибрахимовиќ не донел одлука за продолжување на кариерата, но во Милано веруваат дека ќе ја прифати нивната понуда.
Ибрахимовиќ веќе настапуваше во Милано, а на „Сан Сиро“ веруваат дека 38 годишниот фудбалер може да придонесе за „росонерите“ да се вратат на славните патеки.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Златан е слободен играч откако го напушти Лос Анџелес Галакси, а покрај Милан за него се интересира и Болоња.
Според „Кориере дела Сара“ во Милан се надеваат дека Швеѓанецот ќе потпише договор со клубот на 15. декември кога е закажана прославата за 120 годишнината на клубот.
Постојат и информации дека 18 месечниот договор кој му се нуди на Ибра ќе има клазула која ќе му овозможи да замине на крајот од сезоната.