Oткако минатото лето потроши повеќе од 200 милиони евра на засилување, Милан полека ги избира метите за новиот преоден рок.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Во овој момент според италијанските медиуми најголема желба на „росонерите“ е шпанскиот репрезентативец, Дани Себалос (21) кој минатото лето пристигна од Реал Бетис во Мадрид за сума од 18 милиони евра.
Се очекуваше Себалос да биде големо засилување за „кралевите“, но тој оваа сезона собра само 714 минута и е незадоволен поради што би можел да го напушти клубот, пишуваат италијанските медиуми.
Сепак, Милан се уште не стапил во официјални преговори и проблем за Италијанците би можел да претставува финансискиот фер-плеј.
Кога во прашање е цената на Себалос се очекува Реал да бара околу 40 милиони евра.