Дома Фудбал Милан рутински до победа над Сампдорија

Милан рутински до победа над Сампдорија

Милан во претпоследниот натпревар од 25. коло во Серија А на свој терен ја победи Сампдорија со резултат 1:0 и со оваа победа бодовно се израмни со вечерашниот противник на табелата во италијанското првенство.

Росонерите уште на стартот наметнаа свое темпо на игра и почетокот беше повеќе од ветувачки. Се играше седмата минута кога беше досуден удар од белата точка, но Родригез не успеа да го реализира.

Само шест минути подоцна, Милан дојде до водство. По асистенција на Калабрија, Бонавентура погоди за 1:0 и со тој резултат се замина на полувреме.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Аќимовиќ за најтешките денови: Зад десетката на Звезда стои болно детство

Во документарецот на Црвена звезда, Јован Куле Аќимовиќ зборува за загубата на мајка си на…