Дома Трансфер зона Милан работи со полна пареа: Уште еден важен потпис на „Сан Сиро“

Милан работи со полна пареа: Уште еден важен потпис на „Сан Сиро“

Новото раководство на Милан работи на нови засилувања во јануарскиот преоден рок, но истовремено сака долгорочно да ги задржи најдобрите фудбалери во тимот.

Вчера италијанските медиуми открија дека „дијамантот“ Патрик Кутроне веќе ставил потпис на нов договор и ќе остане на „Сан Сиро“ најмалку до 2023 година.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Следен кој наскоро треба да ја продолжи верноста со „росонерите“ е Џакомо Бонавентура. Италијанскиот репезентативец е еден од најважните фудбалери во тимот и оваа сезона на седум меча веќе запиша 3 гола и две асистенции.

„Кориере дело Спорт“ пренесува дека следната недела раководството ќе има средба со неговиот агент Мино Раиола за да бидат договорени последните детали.

Бонавентура треба да стави потпис на нов договор до 2022 година и ќе добие значително зголемување на платата.

https://youtu.be/pAopmpalYxQ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Баерн спрема нова понуда за Араухо

Баерн Минхен не се откажува од дефанзивецот на Барселона, Роланд Араухо, пренесуваат герма…