Во првиот натпревар од 18-тото коло во Серија А, Милан одигра само 0:0 против Фросиноне.
Иако „росонерите“ против претпоследниот тим на табелата беа апсолутен фаворит на крајот мораа да се задоволат само со бод.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Милан беше подобар тим во текот поголемиот дел од натпреварот. Првата прилика ја пропушти Кутроне во 3-тата минута, а во 18-тата Кастиљехо ја погоди стативата. Се играше 37-та минута кога
Фросиноне постигна погодок преку Чиана, но судијата после прегледувањето на ВАР процени дека имало прекршок во напад и го поништи погодокот.
| DISALLOWED GOAL |
It's level at half time between Frosinone and AC Milan.
Milan have been let off with Frosinone's goal disallowed 5 minutes before the end of the half ? pic.twitter.com/uDC1qHjdLT
— Eleven Sports (@ElevenSports_UK) December 26, 2018
„Росонерите“ во второто полувреме беа тим кој повеќе напаѓаше, но гостинските фудбалери многу се испромашуваа. Најголемата шанса ја имаше Гонзало Игуаин кој во последните минути од идеална позиција шутираше високо над голот.
Со ова реми Милан ќе остане на петтата позиција со 28 освоени бодови, а во последните четири натпревари не забележаа ниту една победа.