Дома Трансфер зона Милан преговара за две засилувања од Лондон?

Милан преговара за две засилувања од Лондон?

Пиоли остана на кормилото на Милан, но се уште не се знае со каков ростер ќе влезат „росонерите“ во новата сезона.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Додека се чека Златан Ибрахимовиќ официјално да ја продолжи соработката интезивно се шпекулира за две имиња кои наскоро би можеле да им се придружат на „росонерите“.

Од англиските медиуми пристигнуваат информации дека во Лондон се водат преговори и целта е двајца играчи да го засилат Милан. Станува збор за Бакајоко од Челзи и Серж Орие од Тотенхем.

26 годишниот Бакајоко веќе имаше прилика да игра за Милан како позајмен играч од Челзи, но Милан минатото лето не успеа да го реализира неговиот трансфер во целост. Сега се обидуваат повторно.

Орие пак е голема желба на Милан и италијанскиот клуб сега се обидува да издејствува цена која му одговара.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…