Дома Фудбал Милан потврди: Монтела има целосна поддршка!

Милан потврди: Монтела има целосна поддршка!

Милан сезоната ја започна со големи амбиции, но резултатите се под очекувата. „Росонерите“ синоќа против Рома го запишаа третиот пораз сезонава.

Италијанските медиуми веднаш почнаа да шпекулираат дека Монтела е пред отказ, но раководството јавно му даде поддршка на својот тренер.

„Одигравме само седум натпревари, имаме нов тим, не постои тренер кој има волшебно стапче. Не можеме веднаш да имаме резултати. Имаме нова група фудбалери, која допрва треба да стане тим. Засега не сме загрижени. Монтела работи добро. Не смееме да гледаме во табелата. Рома има тим кој го гради со години, играчите се долго време заедно. Мора да извлечеме позитивни работи од овој пораз“, изјави спортскиот директор Мирабели.

„Игравме против одличен тим и доминиравме 70 минути. Бевме егал со противникот, повремено бевме и супериорни, но немавме доволно среќа. Расположението е поинакво во однос на натпреварот со Сампдорија, тогаш пристапот и играта беа поинакви. Ако барате виновник, само напред, но ние мора да бидеме разумни во анализата на натпреварот“, додаде Мирабели.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Алегри бара одговор од Наполи: Рома доаѓа во налет, но ова не е последната битка

Наполи го пречекува непоразениот тим на Гасперини по поразот од Венеција. Алегри бара подо…