Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан и „Адидас“ ќе ја раскинат соработката на крајот на сезоната, иако германската компанија веќе 20 години е спонзор на миланскиот гигант.
Милан оваа година доби нови сопственици, па новото раководство веќе преговара со други спортски брендови кои се заинтересирани да бидат спонзори на италијанскиот клуб.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Адидас“ и Милан одлучиле да ја прекинат соработката и покрај фактот што имаат договор до 2023 година. Пред пет години двете страни потпишаа спонзорски договор според кој Милан добива 19,3 милиони евра годишно.
Милан од следната сезона ќе има нов спонзот на своите дресови, а готово сигурно тоа нема да биде „Најк“, кој е спонзор на Интер.
Италијанските медиуми пренесуваат дека најдобра понуда доставила компанијата „Under Armour“, која е во експанзија и која е спонзор на многу спортски ѕвезди, а најпознат е секако Стив Кари.