Дома Трансфер зона Милан повторно тргнува по Јовиќ

Милан повторно тргнува по Јовиќ

Италијанските медиуми пренесуваат дека примарна цел на Милан во зимскиот преоден рок ќе биде Лука Јовиќ од Реал Мадрид.

„Росонерите“ во летниот преоден рок не донесоа централен напаѓач, но свесни се дека Ибра ја игра последната сезона и сакаат да донесат негова замена.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Прва цел ќе биде Лука Јовиќ, кој не добива голема минутажа кај Зидан и Реал Мадрид е спремен да го продаде.

Србинот не ги оправда очекувањата на „Сантиаго Бернабеу“, па и самиот е спремен да ја промени средината, а Милан би бил идеална опција.

„Росонерите“ се во одлични односи со „кралскиот“ клуб и ќе се обидат да го донесат во јануари на позајмица со можност за откуп  на крајот на сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…