Дома Трансфер зона Милан остана без одбрана – спас бара во ветеранот од Челзи

Милан остана без одбрана – спас бара во ветеранот од Челзи

Италијанскиот гигант Милан има големи проблеми со повредени играчи, особено во дефанзицата и средниот ред.

После повредите на Калдара и Мусакио се повреди и капитенот Ромањоли кој ќе отсуствува од терените најмалку еден месец.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тоа е голем проблем за тренерот Гатузо кој во моментов единствен здрав стопер го има Запата, па ќе мора Родригез да го користи како централен дефанзивец, или да му даде шанса на некој младинец.

Милан е во потрага по дефанзивец во зимскиот преоден рок, а италијанските медиуми пренесуваат дека агентите му го понудиле Гери Кејхил.

Кејхил не добива минутажа оваа сезона во Челзи и е спремен да ја промени средината, па Милан може да ја искористи таквата шанса и да го донесе на позајмица до крајот на сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Интер го сака дефанзивецот на Манчестер Јунајтед

Приоритет на Интер во летниот преоден рок ќе биде доведување на дефанзивец, пренесуваат ит…