Дома Фудбал Италија Милан не простува: Останувањето без бензин Бакајоко скапо ќе го плати

Милан не простува: Останувањето без бензин Бакајоко скапо ќе го плати

Францускиот фудбалер од редовите на Милан, Тиму Бакајоко претходните денови се најде во центарот на вниманието на италијанските медиуми.

Играчот за врска на „росонерите“ неодамна задоцни цел час на тренингот на Милан поради што тренерот Џенаро Гатузо буквално полуде.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во јавноста сега излегоа агентите на овој фудбалер со јасно објаснување зошто нивниот клиент задоцнил на тренингот.

Во соопштението до италијанската јавност тие тврдат дека на пат до тренинг центарот тој останал без бензин и дека тоа било причина за неговото доцнење. Исто така, тврдат дека му недостасува возачко искуство и дека тоа е единствената причина за тоа што се случило.

Интересно е тоа како еден милионер да остане без гориво сред пат. Бакајоко заработува скоро шест милиони фунти по сезона, а комплетната негова плата ја исплаќа лондонски Челзи.

Милан за доцнењето на тренингот најави санкции. Оправдањето за останувањето без бензин звучи малку смешно и неверојатно. „Росонерите“ парично ќе го казнат фудбалерот со 90.000 евра, но тоа изгледа нема да биде се.

Тој се уште е играч на тимот од „Стенфорд Бриџ“, а според последните информации кои стигнаа од Италија Милан нема да го задржи и ќе го врати во англискиот тим.

Бакајоко како што се најавува ќе биде испратен назад во Челзи после завршувањето на сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Дерби на денот: Баварците спремаат пеколен пречек за „кралот“

Денес продолжуваат полуфиналните натпревари од Лигата на шампиони, а секако очите на фудба…