Дома Трансфер зона Милан му ја затвори вратата, Кеси му се понудил на Интер

Милан му ја затвори вратата, Кеси му се понудил на Интер

Италијанските медиуми пренесуваат дека Франк Кеси може да се врати во Сеерија А и тоа во големиот ривал на Милан.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Кеси ова лето го напушти Милан како слободен агент, но не е задоволен од третманот што го има во Барселона каде добива мала минутажа и главно е на клупата за резерви.

Неговиот агент најпрво имал средба со Малдини, но Милан категорично ја затворил вратата за негово враќање на „Сан Сиро“.

„Калчомеркато“ пренесува дека Кеси потоа му се понудил на Интер, кој е заинтересиран да го донесе во своите редови.

Меѓутоа, под два важни услови. Кеси да пристигне на позајмица, а Барселона да плаќа дел од неговата плата која изнесува 6,5 милиони евра по сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…