Дома Трансфер зона Милан може да се засили со 21-годишен Аргентинец

Милан може да се засили со 21-годишен Аргентинец

Раководството на Милан по освојувањето на Скудетото работи на засилувањата за наредното лето.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


„Росонерите“ наскоро би требало да добијат нови сопственции, а тоа ќе значи и нови средства во клубот пред преодниот рок. Ново име кое се поврзува со Милан е Енцо Фернандез од Ривер Плата.

21-годишниот Аргентинец е еден од клучните во тимот на Марсело Гаљардо, а со одличните настапи го привлече вниманието на европските гиганти.

Еден од заинтересираните е и Милан кој е спремен да плати сума од 18 милиони евра за да го ангажира Фернандез, претходно посериозно се поврзуваше со португалска Бенфика.

Секако, големиот успех во Серија А, настапот во Лигата на шампионите следната сезона и амбициозниот проект на „росонерите“ е нешто кое Милан го прави повеќе привлечна дестинација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…