Италијанските медиуми најавуваат дека Интер би можел да добие засилување од Милан.
„Спорт Италија“ пренесува дека Милан може да го ангажира Данило Д’Aмбросио. Поранешниот играч на Фиорентина одигра 15 натпревари за „нероаѕурите“, а договорот му завршува на крајот од сезоната.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Милан како што се пишува веќе започнал да преговара и му доставиле понуда за договор на две години и наводно тоа е прифатливо за него.
Во редовите на Интер Д’Aмбросио дојде во 2014 година за сума од четири милиони евра.