Дома Топ вести Милан и Челзи во завршни преговори за дефанзивец

Милан и Челзи во завршни преговори за дефанзивец

Италијанскиот гигант Милан е заинтересиран за младиот дефанзивец на Челзи, Факио Томори, пренесува „Скај Италија“.

23-годишниот дефанзивец не добива голема минутажа оваа сезона во Челзи и е спремен да ја промени средината во јануари.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тренерот на „сините“ Лампард потврди дека Тимори може да го напушти клубот во зимскиот преоден рок.

Милан сака да ја засили одбраната, а познато е дека „росонерите“ бараат млади таленти, па веруваат дека Тимори одлично ќе се вклопи во тимот.

Двата клуба се во завршни преговори за трансфер на Тимори на позајмица со право на откуп следното лето. Челзи бара 30 милиони евра, а Милан се обидува да ја намали сумата за откуп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…