Италијанските медиуми открија дека шпанскиот интернационалец Сусо имал состанок со раководството на Милан и за време на средбата ги информирал дека сакал да биде продаден за време на зимскиот преоден рок.
Сусо оваа сезона се вклупи во „сивилото“ на Милан и не игра во добра форма, па беше мета на критики од навивачите.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Со пристигнувањето на Ибрахимивиќ и промената на формацијата Сусо се пресели на клупата за резерви, па самиот побара да ја промени средината.
Најсилен интерес за Шпанецот покажува Севиља, а последните информации од Апенините се дека двата клуба се блиску до договор.
Имено, Сусо ќе се пресели во Севиља на 18-месечна позајмица со задолжитечен откуп од 25 милиони евра, плус 3 милиони како бонуси.