Дома Трансфер зона Милан и Рома го сакаат дефанзивецот на Вест Хем

Милан и Рома го сакаат дефанзивецот на Вест Хем

Дефанзивецот на Вест Хем и повремен италијански дефанзивец, Анџело Огбона би можел да се врати во Серија А во зимскиот преоден рок, пренесуваат италијанските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Бившиот играч на Торино и Јувентус сака да се врати во Италија, а интерес за него покажуваат Милан и Рома.

Договорот на Огбона со Вест Хем истекува во 2022 година, а италијанските клубови сакаат да го донесат по добро испробан рецепт – позајмица со право на откуп по завршување на сезоната.

30-годишниот Италијанец во Вест Хем пристигна во 2015 година и е стандарден во тимот на „чеканите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…