Дома Трансфер зона Милан и Рома во битка за „Петелот“

Милан и Рома во битка за „Петелот“

Андреа Белоти е еден од најдобрите италијански напаѓачи, а на крајот на сезоната најверојатно ќе го напушти Торино.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Белоти влегува во последната година од договорот со „биковите“ и нема намера да го продолжи, а на маса веќе има две понуди.

Првата е од клубот за кој  не крие дека навивал во детството, Милан. „Росонерите“ сметаат дека Белоти ќе биде одличен наследник на Ибрахимовиќ и долгорочно решение за нападот.

Втората понуда доаѓа од Рома, која во него гледа идеален наследник на Един Џеко.

„Калчомеркато“ пренесува дека Милан е фаворит за неговиот потпис и неговиот менаџер е во напредни преговори со „росонерите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…