Дома Фудбал Италија Милан им приреди ново разочарување на навивачите и се повредија Пакета и Донарума (ВИДЕО)

Милан им приреди ново разочарување на навивачите и се повредија Пакета и Донарума (ВИДЕО)

Милан во првиот натпревар од 30-тото коло во италијанската Серија А го пречека Удинезе, а „росонерите“ во овој натпревар освоија само бод.

Во важен натпревар Милан одново разочара. После поразите од Интер и Сампдорија следуваше реми со Удинезе и Милан така продолжи да губи бодови и да си ја отежнува работата во борбата за Лигата на шампионите.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Освен слабата игра и изгубените бодови, Милан остана и без Донарума и Пакета. Двајцата се повредија во првото полувреме, но засега нема информација колку ќе паузираат.

Пјонтек во слабото издание на Милан успеа да погоди после нафрлувањето на Кутроне во 45-тата минута за водство од 1:0.

Во продолжение Милан го контролираше натпреварот, но кога во 65-тата минута беа блиску до погодок следуваше контра од која Ласања погоди и обезбеди бод за Удинезе.

Милан со овој еден бод има 52 бода и се уште е четврти. Меѓутоа во последно време тимот на Гатузо губи многу бодови. Лацио е зад Милан со четири бода помалку, но клубот од Рим има и два натпревари помалку што значи дека со евентуални две победи во тие натпревари би избиле пред „росонерите“. Се надева и Аталанта која како и Лацио има 48 бодови и еден натпревар помалку.

Пред Милан Интер сега има прилика со победа во ова коло да побегне на четири бода предност.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Де Зерби може да седне на клупата на „Олд Трафорд“

Манчстер Јунајтед ќе му врачи отказ на тренерот Ерик Тен Хаг, тврдат медиумите блиски до к…