Дома Трансфер зона Милан и Барса ја сакаат ѕвездата на Јунајтед – за без пари

Милан и Барса ја сакаат ѕвездата на Јунајтед – за без пари

Андер Ерера најверојатно ја игра последната сезона на „Олд Трафорд“, па многу европски гиганти веќе почнаа да се борат за неговиот потпис.

Договорот на Ерера со „црвените ѓаволи“ истекува на крајот на сезоната, што го прави играчот уште поинетерсен за останатите клубови.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Иако Мурињо неодамна изјави дека сака да го задржи Ерера во своите редови, сепак медиумите тврдат дека Шпанецот не е задоволен од својот статус и одлучил да го напушти „Олд Трафорд“ како слободен агент.

Ерера уште во јануари може да започне преговори со заинтересираните клубови, а најсилен интерес во моментов покажуваат Барселона и Милан.

„Сан“ тврди дека Каталонците се во пол-позиција за неговиот потпис, поради добрите односи кои тренерот Валверде ги има со фудбалерот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Шчесни и Јувентус далеку од договор: Ќе има ли „старата дама“ наредната сезона нов голман?

Се уште не е познато кој ќе биде голман на Јувентус следната сезона, иако Полјакот Војчех …