Аргентинскиот репрезентативец Родриго де Паул игра фантастично во Удинезе и оваа сезона, па наскоро би можел да направи трансфер во Милано.
Италијанските гиганти веќе подолго време го следат Де Паул, а медиумите тврдат дека „росонерите“ веќе презеле конкретни чекори за негов ангажман.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Пиоли смета дека Аргентинецот ќе му го донесе потребниот квалитет на средината на теренот бидејќи Де Паул може да игра на повеќе позиции во средниот ред.
Удинезе за неговата слобода бара 40 милиони евра, а Милан веќе испратил прва понуда. Имено, „росонерите“ нудат кеш плус Петер Хауге, кој оваа сезона постигна 8 гола и покажа дека е голем талент.