Дома Трансфер зона Милан испрати понуда за Миленковиќ

Милан испрати понуда за Миленковиќ

Дефанзивецот Никола Миленковиќ беше мета на Милан и Интер во летниот преоден рок, но на крајот остана во Фиорентина.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Миленковиќ се етаблираше во еден од најдобрите стопери во Серија А, па Фиорентина за неговата слобода бара 40 милиони евра, сума која споменатите клубови не беа спремни да ја платат.

Проблем за „виолетовите“ е што Миленковиќ на крајот на сезоната ќе влезе во последната година од договорот, па неговата цена драстично ќе падне.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан силно го посакува Миленковиќ во јануари, па веќе испратил понуда до Фиорентина.

„Росонерите“ понудиле 10 милиони евра за позајмица плус 20 милиони евра за откуп и 10 милиони евра како евентуални бонуси.

Оваа понуда е приближна на сумата која Фиорентина ја бара за Србинот, па се очекува двете страни да постигнат договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…