Дома Трансфер зона Милан испрати понуда за Лука Јовиќ

Милан испрати понуда за Лука Јовиќ

Милан и ова лето ќе се обиде  во своите редови да го донесе напаѓачот на Реал Мадрид, Лука Јовиќ.

Јовиќ се врати во Мадрид од позајмица во Ајнтрахт, но јасно е дека Карло Анчелоти не смета на него, па „кралевите“ го ставија на продажба.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал пред две години за неговиот потпис пласти 60 милиони евра, а сега е спремен да го продаде за многу помала сума.

Милан сака да ја искористи ситуацијата и одличните односи со Реал Мадрид, па веќе започнал преговори со „кралевите“.

„Росонерите“ го сакаат Јовиќ на едногодишна позајмица со право на откуп следното лето, а напаѓачот веќе дал согласност за трансферот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…