Дома Трансфер зона Милан испрати понуда за дефанзивецот на Манчестер Јунајтед

Милан испрати понуда за дефанзивецот на Манчестер Јунајтед

Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан испратил понуда за десниот бек на Манчестер Јунајтед, Диого Далот.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Далот пристигна на „Олд Трафорд“ од Порто пред две години, но не успеа да се наметне во првиот тим, па Манчестер Јунајтед е спремен да го продаде.

„Росонерите“ сакаат да ја искористат таквата ситуација бидејќи се во потрага по десен бек, па испратиле понуда за Португалецот.

Милан го сака Далот на едногодишна позајмица со право на откуп следното лето, но „црвените ѓаволи“ инсистираат да го продадат на перманентне основа.

Преговорите помеѓу двата клуба продолжуваат и не е исклучено Јунајтед да попушти и да прифати да го пушти играчот на позајмица.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…