Неодамнешниот состанок на Паоло Малдини и Звонимир Бобан во Мадрид со управата на Реал додадоа доза оптимизам кај фановите.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Малдини изјави дека по посетата на шпанската престолнина дека има добра шанса да стигне на „Сан Сиро“ некој квалитетен фудбалер, а најголема желба на „росонерите“ е Дани Себаљос.
Италијанските медиуми денес го открија планот на Милан како да дојде до потписот на младиот Шпанец, со оглед на фактот што клубот има проблем со Финансискиот фер-плеј.
Реал за слободата на играчот бара 45-50 милиони евра, но е спремен да го пушти на позајмица со право на откуп.
Милан го сака Себаљос на двегодишна позајмица за која ќе плати 5 милиони евра и додатни 40 милиони евра за откуп.
Во меѓувреме Себаљос блеска на Европското првенство за млади, па Милан сака што е можно побрзо да го договори трансферот и да ја победи конкуренцијата.
Behave, Dani Ceballos ??#HalaMadrid #U21EURO #ITASPApic.twitter.com/PXMhDMR8Ru
— GiveMeSport Football (@GMS__Football) June 16, 2019