Милан не се откажува од намерата да го доведе Хаким Зијех и повторно ќе се обиде во јануари.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Зијех беше прва желба на „росонерите“ во текот на летниот преоден рок, но Челзи не сакаше да го пушти на позајмица со право на откуп.
Сега отакако на „Стенфорд Бриџ“ пристигна Саул Нигез работите се променија па Челзи е спремен да го пушти Зијех, но вчера немало време да се реализира неговиот трансфер во Милан.
„Росонерите“ веќе имаат договор со плејмејкерот околу личните услови и ќе се обидат да го донесат во зимскиот преоден рок.