Италлијанските медиуми пренесуваат дека спортскиот директор на Милан Леонардо пред неколку дена имал средба со манеџерот Мино Раиола.
Главна тема на состанокот бил Џакомо Бонавентура, за кого „росонерите“ спремија нов договор. Наводно биле договорени сите детали, па наскоро ќе следува и потпис на играчот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Бонавентура е еден од најважните фудбалери на Милан, а со новиот договор ќе се обврзе на верност кој „росонерите“ до 2022 година и ќе добие зголемување на платата.
Секако, на состанокот двете страни разговарале и за Ибрахимовиќ. Напаѓачот сака да го напушти Галакси, па можно е да се врати во Милано во јануари. „Калчомеркато“ пренесува дека преговорите се во тек и дека проблемот не е финансиски, но Ибра им соопштил на челниците дека не прифаќа да биде резерва.
Incontro #Raiola–#Leonardo per #Bonaventura e #Ibrahimovic: i dettagli https://t.co/kyEuoHmOgE pic.twitter.com/XVepXoaR0J
— calciomercato.com (@cmdotcom) October 25, 2018