Дома Трансфер зона Милан или Арсенал – одлуката паѓа следната недела!

Милан или Арсенал – одлуката паѓа следната недела!

Пред неколку дена стигна вест дека левиот бек на Шалке 04, Сеад Колашинац, потпишал преддоговор со Арсенал, но веста брзо беше демантирана.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Таткото на босанскиот репрезентативец изјави дека интерес за Колошинац покажува и Милан, па конечната одлука фудбалерот ќе ја донесе следната недела.

„Вистината е дека нема ништо црно на бело потпишано. За мојот син има реален интерес и од страна на Милан, па конечната одлука ќе ја донесеме следната недела“, изјави таткото на играчот.

Договорот на Колошинац со Шалке истекува на крајот на сезоната, па Босанецот може да преговара со заинтересираните клубови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…