Милан е силно заинтерессиран за младиот напаѓач на Челзи, Тами Абрахам, пренесуваат италијанските медиуми.
Овој 22-годишен напаѓач не се согласува со условите на новиот договор и се повеќе се зголемуваат гласините дека ќе го напушти „Стамфoрд Бриџ“.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Притоа не е задоволен од статусот во тимот и ретко добива минутажа оваа сезона, па сака да ја промени средината.
Милан најверојатно ќе се раздели со Манџукиќ на крајот на сезоната и сака да донесе млад напаѓач, па верува дека Абрахам ќе биде вистинскиот избор.
Милан во јануари го донесе Томори на позајмица од Челзи, кој се покажа како одлично засилување и најверојатно ќе биде откупен на лето.
„Росонерите“ сакаат да ја искористат ситуацијата и добрите односи со Челзи за да го договорат трансферот на Абрахам.