Дома Топ вести Милан експрено најде замена за Сусо: Спреми 50 милиони за ѕвездата на Ајакс

Милан експрено најде замена за Сусо: Спреми 50 милиони за ѕвездата на Ајакс

Италијанските медиуми пренесуваат дека Сусо во зимскиот преоден рок може да го напушти Милан и да се пресели во Премиер лигата.

Шпанецот оваа сезона се вклопи во сивилото на Милан и игра под својот просек, па е на мета на навивачите.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Сусо е критикуван и од страна на медиумите на Апенините, па е спремен да ја промени средината во јануари.

Вулверхемптон и Вест Хем покажуваат најсериозен интерес за неговиот потпис и се спремни да ја активираат откупната клаузула која изнесува 40 милиони евра.

Италијанските медиуми тврдат дека „росонерите“ веќе нашле замена за Шпанецот и во случај да замине ќе тргнат по ѕвездата на Ајакс, Давид Нерес.

22-годишниот Бразилец минатата сезона блесна во Лигата на шампиони и го привлече вниманието на многу европски гиганти, а во договорот има откупна клаузула од 50 милиони евра, која „росонерите“ се спремни да ја платат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Судиска анализа: Струга оштетена за пенал во Ѓорче

Во викендот кој е зад нас се играа натпревари од 28. коло во Првата македонска фудбалска л…