Познатиот Милан во последно време конечно игра онака како што се очекува од него.
Навивачите на клубот од „Сан Сиро“ конечно дојдоа сами на себе. Милан не загуби ниту еден натпревар во оваа календарска година, а шлагот на тората беше пласманот во финалето од Купот на Италија, кој беше изборен синоќа на гостувањето против Лацио.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Милан е непоразен веќе 13 натпревари по ред, а за тоа време оствари дури 10 победи и запиша три нерешени резултати. Освен тоа, „Росонерите“ имаат шест врзани победи во сите натпреварувања и се искачија на 7. позиција во Серија А со 44 освеони бода и со само седум бода помалку од местото кое води во Лигата на Шампионите.
Така, за разлика од она што го работеше Монтела, Гатузо одлично го предводи Милан и сосема сигурно, доколку продолжи вака да работи, ќе добие нов подобар договор за следната сезона. Следниот испит, Гатузо и неговите избраници ќе го имаат во недела, кога на „Сан Сиро“ го играат големото дерби против Интер.