Дома Трансфер зона Милан го сака капитенот на АЗ

Милан го сака капитенот на АЗ

Играчот за врска на АЗ Алкмаар, Теун Копмејнерс може да се пресели во Серија во текот на летниот преоден рок.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


22-годишниот Холанѓанец кој е капитен на АЗ е на радарот на италијанскиот гигант Милан, пренесува „Тутоспорт“.

Главниот скаут на „росонерите“ Џефри Монкада веќе подолго време ги гледа настапите на Копмејнерс и смета дека би бил одлично засилување.

Со своите настапи оваа година Копмејнерс привлече големо внимание и во Холандија веќе го споредуваат со Ван Бомел. На 42 меча оваа сезона постигна 16 гола и запиша 6 асистенции.

Неговата цена во моментов изнесува околу 20 милиони евра, сума која Милан е спремен да ја плати.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…