Директорот на Милан, Паоло Малдини потврди дека клубот работи на засилување на одбраната.
Прва мета на „росонерите“ е Никола Миленковиќ од Фиорентина, но двата клуба никако не можат да најдат заеднички јазик околу обештетувањето.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Милан е спремен да плати 27 милиони евра за српскиот стопер, додека Фиорентина бара најмалку 35 милиони евра за слободата на Миленковиќ.
Сега Милан ќе се насочи кон дефанзивецот на Реал Мадрид, Начо, пренесуваат италијанските медиуми.
Начо е на излезна врата од „Сантиаго Бернабеу“, а Милан и Реал Мадрид имаат одлични односи што се покажа за трансферите на Тео Хернандес и Брахим Дијаз.
Двата клуба би можеле да го договорат трансферот на едногодишна позајмица со право на откуп за 15 милиони евра.
#Calciomercato #Milan, capitolo difensore: contatti avviati con il #RealMadrid per #Nachohttps://t.co/V3qW1BEDjI
— Gianluca Di Marzio (@DiMarzio) September 29, 2020