Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан во текот на летниот преоден рок ќе се обиде да го донесе напаѓачот на Рома, Един Џеко.
На Милан му треба напаѓач кој во Серија А сигурно ќе постигнува од 15 до 20 голови по сезона, а решението го гледаат токму во дијамантот на Босна.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Никола Калиниќ не ги оправда очекувањата и најверојатно на крајот на сезоната ќе го напушти „Сан Сиро“, а негова замена би требало да биде Един Џеко.
Џеко и во зимскиот преоден рок беше на чекор од заминување од Рома, а медиумите на Апенините тврдат дека „росонерите“ се спремни да платат 25 милиони евра за неговите услуги.
Притоа, Милан е спремен да му понуди плата од 6 милиони евра по сезона и да го направи втор најплатен фудбалер во тимот после Леонардо Бонучи.
Познато е дека Џеко е голем фан на Милан уште од мали нозе, па сигурно дека со задоволство ќе го облече „црвено-црниот“ дрес.